Даштевски и Науновски „платени пропагандисти“ на ДПМНЕ

by Fokus

Професорот Александар Даштевски, човекот што редовно се презентира како експерт и ги брани политиките на досегашната власт, во 2016 година беше награден како член на Комисијата за заштита од дискриминација, која во меѓувреме ја следеа низа скандали.

Уште во првиот момент, во 2006 година кога Груевски дојде на власт, Даштевски беше член на Државната изборна комисија. Според она што досега можевме да го слушнеме од него, неговите настапи претставуваат само бледа копија на оригиналните говори на лидерот на ДПМНЕ.

Поточно, Даштевски порано бил во таа партија, па во меѓувреме сменил уште неколку, како ВМРО-Народна и Обединети за Македонија, а за време на предвремените парламентарни избори во 2011 година беше дел од Демократската десница, за на крајот пак да се врати да пие вода од стариот бунар, во кој претходно плукаше.

На истата листа може да се стави и универзитетскиот професор Тони Науновски, кој исто така е член на Комисијата за заштита од дискриминација. Тој редовно прави анализи на политичките случувања во државата, но строго во одбрана на досегашната власт. Науновски во неколку наврати досега тврдеше дека СЈО почнува со кампања на СДСМ со цел да го сруши ДПМНЕ од власт. Тој исто така се вдоми во Комисијата за заштита од дискриминација.

И.М.

Поврзани новости