Алтхаузер: Германија продолжува со континуираната поддршка на патот на Република Македонија кон евроатлантските интеграции

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.

Упатувајќи честитки до претседателот Џафери за неговиот избор, амбасадорката истакна дека пред новиот собраниски состав стојат многу важни задачи и дека функцијата претседател на Собранието има клучна улога.

Сојузна Република Германија продолжува со континуираната поддршка на патот на Република Македонија кон евроатлантските интеграции. По одржувањето на германските парламентарни избори, се очекува и интензивирање на контактите меѓу пратениците на двете држави, на ниво на групи за соработка и работни тела.

Претседателот Џафери се заблагодари на честитките и на значајната германска поддршка, ја информираше амбасадорката за тековните собраниски активности и истакна дека активностите во следниот период ќе бидат фокусирани на подигнување на рејтингот на Собранието како вистински сервис на граѓаните и на отвореноста на институцијата.

Поврзани новости