„Дарежлив вторник“ за прв пат се одржува во Македонија

by fokus

Во организација на Центар за социјални иницијативи Надеж и Хуманитарни акции.мк денеска за прв пат се одржува Giving Tuesday – Дарежлив Вторник и во Македонија, како дел од глобалното движење.

GivingTuesday – Дарежлив Вторник е создаден во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш, тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 85 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

-На овој ден би сакале да сплотиме што поголем број организации, активисти и граѓани од нашата земја кои ќе се вклучат со промовирање на своите мисии и активности, ќе донираат, волонтираат, ќе споделуваат добрина и љубезност, велат од Центарот за социјални иницијативи Надеж.

Централниот настан ќе се одржува денеска од 13.00 до 17.00  часот во Паркот на франкофонијата (до Градскиот стадион во Скопје). Сите заинтересирани граѓани можат да ни се придружат, да ширме добрина и да го прославиме Giving Tuesday – Дарежлив Вторник заедно!

Поврзани новости