Данскиот парламент денеска го отфрли предлогот на четирите левичарски партии за признавање на Палестина и го прифати владиниот став дека условите за тоа не се исполнети, без разлика што три членки на Европската унија – Шпанија, Ирска и Норвешка – го направија тоа.
Пратеничката Саша Факсе рече дека нејзината Алтернативна партија верува дека признавањето на палестинската држава е единствениот начин да се постигне траен мир на Блискиот Исток.
„Огромното мнозинство дански политичари се согласуваат дека нема да има траен мир на Блискиот Исток без решение со две држави“, рече таа за време на дебата во парламентот, додавајќи дека таа верува дека признавањето е единствениот начин да се обезбедат правата на Палестинците, пренесува Хина.
Министерот за надворешни работи – Ларс Локе Расмусен претходно изјави дека данската влада не може да признае палестинска држава, бидејќи нема ниту единствена функционална власт, ниту контрола врз нејзината територија, но рече дека се надева дека Данска еден ден ќе може да го стори тоа.