393
Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на корона вирус, соопшти кралската палата.
Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна.
Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје.