Данска изрично забранува палење на Куранот

by Fokus

Данската влада поднесе изменет предлог-закон со кој ќе биде забрането палење на Куранот на нејзина територија, по приговорите на првата верзија на предлогот поврзана со ограничувањата на слободата на изразување и тешкотијата за имплементација.

„Предлог-законот е ограничен на конкретно таргетирање на несоодветниот третман на списи од важно религиозно значење“, соопшти Министерството за правда.

Оригиналната верзија требаше да се однесува на сквернавењето на сите предмети од важно религиозно значење. Предлог-законот треба да се расправа на седницата на данскиот парламент, на 14 ноември.

На крајот на август, владата објави дека ќе биде донесен закон за ова прашање, откако случаите на палење на Куранот предизвикаа бес во муслиманските земји и ја загрозија националната безбедност.

Првиот нацрт на законот беше критикуван, од една страна, од оние кои веруваа дека со него се враќа криминализацијата на богохулењето, а од друга од правните експерти кои сметаа дека е тешко да се спроведе.

Поврзани новости