Данска, Германија и Холандија ќе испратат 100 тенкови „Леопард“ во Украина

by fokus

Германија, Данска и Холандија денеска соопштија дека ќе и достават на Украина најмалку 100 ремонтирани борбени тенкови „Леопард 1“, пренесе Бета.

Министрите за одбрана на Данска, Германија и Холандија во заедничко соопштение изјавија дека испораката на постари тенкови „Леопард 1“ е дел од напорите за „поддршка на Украина во нејзините напори да се спротивстави на руската агресија“.

– Тоа значително ќе го зголеми воениот потенцијал на Украина за обнова на нарушениот територијален интегритет, изјавија министрите на трите членки на НАТО.

Тие додаваат дека тенковите ќе бидат испорачани „во наредните месеци“ и оти испораката ќе биде придружена со логистичка поддршка и обука.

Поврзани новости