Даниловски: Со ова темпо за 3 месеци ќе има колективен имунитет

by Фокус

Прогласувањето на кризна состојба е сосема соодветна мерка, но треба да се искористи за интервенции во здравствениот систем, вели епидемиологот Драган Даниловски.

-Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека во некој нареден подолг период би имале линаерно зголемување на просечно по околу 1000 нови ковид-случаи. Сепак сметам дека здравствениот систем не може да го издржи тоа и затоа се потребни построги мерки, како што се викенд мерки, но и сметам дека полицискиот час е неопходен – рече Даниловски на Канал 5.

Тој посочува дека со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет.

Поврзани новости