Даниловски: Населението треба веднаш да се вакцинира, ни треба 80 отсто колективен имунитет

by Fokus

Со ширењето на британскиот вид на корона вирусот, расте и процентот на колективен имунитет кој населението во Македонија треба да го достигне.

Ова го истакна епидемиологот Драган Даниловски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, додавајќи дека треба што поскоро да се добијат вакцините.

„Британскиот вид на вирусот ќе се шири затоа што се опуштија и тие кои го прележаа вирусот. Тие се заштитени да не се заразат од вирусот. Но, тоа е многу егоистично, да гледаат само за себеси. Населението треба веднаш да се вакцинира, ни треба 85 отсто на колективен имунитет со британскиот вид на корона вирусот, затоа што побрзо се шири и прави проблеми во општеството. Ако наскоро не добиеме вакцини, ќе мора рестрикции“, истакна Даниловски.

Поврзани новости