Даниелсон се информираше за лошата состојба на медиумите во Македонија

by Фокус 19:06
19:06

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се сретна со Генералниот директор на Европската комисија за проширување Кристиjан Даниелсон.

„На средбата со Даниелсон, која беше многу корисна и конструктивна, Селмани изрази загриженост за состојбата со слободата на изразувањето во Македонија. Тој предупреди дека ако владата не презема итни мерки за решавање на постојните проблеми постои голема опасност состојбата уште повеќе да се влоши“, се вели во соопштението на ЗНМ.

- Advertising -

Селмани пред  директорот Даниелсон ги елаборирал причините за лошата состојба со слободата на медиумите. Според него, изворот на сите проблеми со слободата на медиумите во Македонија е начинот на кој досегашните владејачки гарнитури ја практикуваат власта кршејќи ги основните начела на македонскиот Устав, кој гарантира слобода на изразување и слободен пристап до информациите.

„Тој рече дека најдобар начин Македонија да излезе од сегашната состојба е земјата во најскоро време да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Продолжувањето на статус квото има ризик уште повеќе да ја влоши состојбата со медиумите која ќе се одрази на демократскиот развој на Македонија и на нејзините евроатлански апсирации“, вели Селмани.

Средбата меѓу Селмани и Даниелсон се остварува само еден ден откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ испрати остро соопштение до јавноста со која го декларираше ЗНМ како „политичка партија“, а Селмани како човек со „партиска и политичка улога и агенда“. Реакцијата  следуваше откако Селмани изјави дека новинарите ќе се жалат во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, по одлуката на Уставниот суд кој не најде повреда на Уставот во случајот „24 декември“ кога новинарите беа избркани од собраниската галерија. ЗНМ воедно изрази загриженост поради случајот со Томислав Кежаровски и континуираниот пад на слободата на медиумите во земјава.

 

 

Поврзани новости