684
Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова била една од осомничените за време на истрагата на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година, дознава НОВАТВ.
Рангелова била дел од осомничените во истрагата, но од СЈО денеска не открија дали и против неа е покренато обвинение.
Таа во изјава за порталот децидно ги отфрла обвинувањата и тврди дека сведоците против неа се лажни.
Инаку, во времето на демонстрациите во Центар Рангелова беше советник во општина Центар и таа ги одржуваше прес-конференциите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во коишто стоеше заедно со претставници на „Веритас“, организацијата која ги водеше демонстрациите кон верниците.