Даниела Николова од СДСМ Аеродром на местото на Богдановски

by fokus

Откако пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка, според листата во Собранието, пратеник сега станува Даниела Николова од СДСМ Аеродром. Со тоа, владејачката партија ќе има еден пратеник повеќе во Парламентот.

Иако оставката на Богдановски е констатирана и во Собранието и од страна на ДИК, тој не ја образложи пред пратениците на денешната седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери откако за ова ги информира пратениците, само констатира дека престанува мандатот на Богдановски.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функција на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Поврзани новости