Данев: Со договорот со Бугарија, власта се согласила и на промена на учебниците по историја

by Fokus

Драган Данев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ спротивно на ставот на експертите и без присуство на опозицијата во Собранието го истурка договорот со Бугарија.

– Власта, спротивно на интересите на македонскиот народ ратификуваше целосно асиметричен договор во однос на правата и обврските што ги имаат двете страни. Во овој договор Република Македонија е оштетена и затоа истиот еуфорично е поздравен само во соседна Бугарија. Договорот има сериозни пропусти и истиот не го дефинира македонскиот народ како реална и идентитетска посебност. Македонија своеволно се откажа и од македонското малцинство оставајќи илјадници луѓе на цедило. СДСМ со овој договор сам го негира постоењето на македонскиот јазик и дозволува истиот да биде ословуван како јазикот според Уставот. Власта се согласила и на промена на учебниците по историја врз база на проценка на интервладина политичка комисија, што е надвор од здравиот разум и принципите на науката – тврди Данев.

 

Поврзани новости