Данев: Ова е тажен ден за Македонија, Тунтев: Тажен е зашто дојдовме до ова дереџе

by fokus

Ова е тажен ден за Македонија и лош ден за демократијат и интересита на граѓаните, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, откако мнозинството прифати измените на Изборниот законик да се разгледуваат по скратена постапка.

-Побаравме еден час пауза да му дадеме шанса на процесот, на граѓаните и да не ја навредуваме нивната интелигенција, нивното демократско право да одлучуваат. Кога не бирале мислеле дека бираат луѓе кои работат во нивен интерес. Бевме сигурнидека ќе надвладее разумот и дека ќе го повлечете ова законско решение поднесено во скандалозна постапка. Гледаме политичко неразумно однесување, авторитативно однесување. За жал кога бевте опзиција ветувавте ќе се борите против истото. ВМРО го исполни својот дел од договорот, гласавме за реформски закони. На прво место за нас беа интересите на граѓаните иако бевме критикувани. Уште еднаш ќе ве молам размислете, апелирам да надвладее разумот и државничкото однесување – порача Данев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на тоа рече дека политичките партии презеле обврска дека нема да го блокираат процесот на избор на членови на ДИК.

-Од кнепознати причини до сега тактизираа околу изборот на ДИК и со тоа се доведе во прашање правото на граѓаните да се изјаснат. Исправени пред тоа, Собранието не може да биде заробеник на однесувањето на политичките партии.  Нема никаква пречка да се разгледува предлог на Владата за измени на Изборниот закони без оглед како ќе се толкува тоа. Нема процедурална пречка Собранието да се изјасни по однос на предлогот на Владата – рече Џафери.

Тој додаде дека според деловникот измените на Изборниот законик можат да се повлечат пред гласање, но додаде, спека Собранието не смее да биде заробеник на политичките партии.

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев реплицираше на Данев велејќи дека денеска е жалосен ден затоа што дојдовме до ова дереџе.

-На 2 февруари, пред 4 и пол месеци Милошоски предложи до Собранието распишување оглас за ДИК. Дали сте сигурни- прашавме, бидејќи ќе стане предмет на разговори. Потоа стана предмет на разговори и се договорија политичките партии дека ќе има политички договор за избор на партиска изборна комисија, три члена на опозициајта, четири мнозинството. Пред еден месец на тоа се сложи ВМРО-ДПМНЕ и цел месец чекаме претседателот на Комисија да свика седница затоа што објавивме огас, конкурираа 47 кандидати, и сега чекаме повеќе од месец да се смилуваат и да ја свикаат Комисијата да се избере ДИК.  Можеби ВМРО-ДПМНЕ не сака избори затоа не сака да се избере ДИК. Не дај боже некому нешто да се случи, не можеме министер или пратеник да именуваме затоа што немаме ДИК – рече Тунтев.

 

Поврзани новости