356
СДСМ остави 26 фамилии без средства за основна егзистенција. 26 фамилии добија новогодишна честитка од СДСМ, на која пишува – ОТКАЗ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи дека новото раководство на ЈП Водовод и канализација избркало 26 луѓе од работа.
„Политичката одмазда стана одлика на владеењето на СДСМ. Се бркаат луѓе од работа само затоа што се политички неистомсленици. Причините кои се наведуваат во отказните решенија се банални изговори и се алиби за политичкиот реваншизам кој го спроведува оваа власт. Ова ли е животот кој го ветуваше СДСМ? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа? Ова е класичен политички реваншизам“ – истакна Драган Данев од ДПМНЕ.