Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се вратија на пратеничките клупи за да го слушнат говорот на Иванов

by fokus 12:28
12:28

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на обраќањето на претседателот, Ѓорѓе Иванов, пред Собранието, откако неколку седници претходно го бојкотираше парламентот во знак на протест против притворите за нивните колеги, осомничени за настаните од 27-ми април.

На пратеничките клупи седна и довчерашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е сега пратеник. Координатор на пратеничката група е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече од оваа позиција.

Пратеницитена ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да одлучат дали ќе се вратат во Собранието или ќе продолжат со бојкотот.

Поврзани новости