Данела Арсовска се здружува со „Огнената група“ на ДУИ – синот на поранешниот реис стана директор

by fokus

Синот на поранешниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи и Саид Саид се меѓу новите в.д. директори на Јавни претпријатија во Скопје што попладнево ги објави Град Скопје, а ги назначи градоначалничката Данела Арсовска по повлекувањето на директорите од ВМРО-ДПМНЕ.

Зухејр Реџепи, синот на поранешниот Реис ќе биде директор на ЈП Паркови и зеленила, а Саид ќе биде директор на ЈП Улици и патишта. Реџепи е дел од огранокот на ДУИ во Сарај, додека Саид од огранокот на ДУИ во Чаир, односно важат за блиски до Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од таканаречената „Огнена група“ која деновиве јавно се спротивстави против политиките на лидерот, Али Ахмети и Артан Груби.

Меѓу новите имиња се Радмила Пешева, активист на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ е новиот директор кој ќе раководи со ЈП „Лајка.

Генералниот секретар на политичката партија ГРОМ, Крсте Петревски ќе седне во испразнетата директорска фотелја во Градски Паркинг на местото на досегашниот директор Бојан Христовски, додека на ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Извори во ДУИ за ТВ21 брифираат дека Данела Арсовска дала две директорски места за да добие 5 советници на ДУИ во Град Скопје. Кавгата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска почна за проектот за прочистителната станица на Скопје вреден 136 милиони евра, по што сите директори на Јавни претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ си дадоа оставки.

 

Поврзани новости