Проектот за пречистителната станица бил почнат во време на СДСМ, Мицкоски ги повикува инситуциите да истражат

by fokus

Проектот за пречистителната станица вреден над 130 милиони евра бил почнат во време на СДСМ, заемот го потпишала министерката за финансии, Нина Ангеловска во 2019 година, а тендерот го распишал тогашниот дирекор на скопски Водовод, Душко Весковски заедно со тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за проектот којшто ги скара со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Но, иако проектот го почнала ривалската партија сепак Мицкоски вели дека тој е голем проект финансиран од Еворпски фондови кои досега процениле дека се почитувани сите правила и процедури.

Тој вечерва во интервју на телевизија Сител ги повика истражните органи да го испитаат случајот и да истражат дали има направено некакви злоупотреби.

Тој порача дека партијата се уште има мнозинство во Град Скопје и дека ќе ги поддржат сите проекти кои биле дел од концептот кој го понуди Арсовска кога победи на изборите.

Поврзани новости