Данела Арсовска избрана за член на Управен одбор на Глобален парламент на градоначалници

by Fokus

Данела Арсовска – градоначалничката на Град Скопје е избрана за член на УО на Глобалниот парламент на градоначалници.

Таа, според информаците од Град Скопје, е избрана на Генералното собрание што се одржало вчера, а на кое присуствувале градоначалници од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка.

– Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво – појаснуваат од Град Скопје.

Таа учествуваше на глобалниот настан за градоначалници „CityLab 2023“ во Вашингтон во организација на „Bloomberg“.

За време на посетата, Арсовска остварила средби со градоначалници од САД, креатори на политики, експерти и иноватори посветени кон изнаоѓање решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.

Поврзани новости