Дамовски пред Апелација ќе се жали на мерката притвор

by fokus

Режисерот Борис Дамовски денеска пред Апелациониот суд ќе побара да му биде укината мерката притвор која му ја одреди Основниот суд Скопје 1 Скопје за неговото учество во насилните инциденти од крвавиот четврток во Собрание. Дамовски е еден од предводниците на протестите, кои резултираа со крваво насилство врз пратениците.

Кривичниот суд првично му одреди мерка куќен притвор на Дамовски, но Обвинителство ја обжали оваа одлука, по што беше преиначена во мерка издржување притвор во затворот во Шуто Оризари. Оваа мерка потоа беше продолжена за дополнителни 30 дена.

По јавната седница, Апелациониот суд треба да одлучи дали ќе му го укине притворор на Дамовски. До сега Апелација ги потврди сите претходно донесени одлуки на Кривичниот суд за осомничените од 27-ми април, кои се наоѓаат во притвор.

Поврзани новости