536
ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше пред Министерството за правда. Пред присутните се обрати Јасмина Дамчевска која рече дека во зандани се луѓе кои со голи раце и големо срце го штителе уставниот поредок на Македонија.
-Актуелната режимска власт ги прогласи за терористи тие што си ја бранеа татковината со песна, со мирољубив марш и со љубов. Има ли крај на парадоксот? Терористи беа тие што со бехатон плочки ги кршеа вилиците на нашата полиција, тие беа, а не нашите браќа и сестри. Невидено и недопустливо е да се затворат родољуби, рече Дамчевска.
Таа кажа дека ова било симболика на фашистичко владеење, кое сака да посее страв кај секој слободоумен и авангарден граѓанин.