Дали знаете што ни чини пластичната кеса?

by Фокус

Иницијативата на Прокредит банка за помалку отпад од пластични кеси поддржана од граѓаните

Во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот отпад тешко се управува и најчесто завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичните кеси трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната што ја јадеме, водата и во воздухот.ProCredit reklama 2Зошто да употребуваме пластични кеси кога постои поздрава, повторно употреблива и модерна алтернатива?! Зошто да употребуваме 10, кога некогаш доволно ни е само една?! Ова се дел од прашањата со кои Прокредит банка ги поттикна граѓаните да размислат одговорно за секојдневната употреба на пластични кеси, со директно присуство на терен во супермаркетите, аптеките, продажните места и на шеталиштата.

За таа цел, Прокредит им подари платнени ЕКО торби, изработени од стоотстотен органски памук, со меѓународен сертификат за стандардизирано органско производство и минимален ефект на животната средина, која може да ја употребуваат како замена за пластичните.ProCredit reklama 3Ваквото дејствување на Прокредит банка е еден дел од стандардите за заштита на животната средина што ги спроведува банката.

„Ние сме активни членови на општеството и нашата улога ја гледаме подалеку од основната дејност на една финансиска институција – обезбедување финансиски услуги. Свесни сме и засегнати за различните негативни ефекти што сите ние како индивидуи и институции со нашето дејствување и навики ги причинуваме на животната средина. Сакаме да дадеме практична идеја како секој може да даде активен придонес за намалување на користењето пластика и со тоа да направи подобро место за живеење за себе, за сопствените деца, за своите сограѓани.“ProCredit reklama 4Остварувањето на ваквата мисија е невозможно без соработка со партнери што ја делат истата одговорност, грижа и дејствување за животната средина. Со подарок платнена ЕКО торба, оваа порака се испраќа до граѓаните преку продажните мрежи на поддржувачите на акцијата на Прокредит: Веро, Табернакул, Просветно Дело, Гранап маркет, Виола Фармација, ХУБО Маркет и др.ProCredit reklama 5Покрај овие локации и директните промоции, бесплатен примерок од органска еко торбичка граѓаните може да добијат во сите експозитури на Прокредит банка.

Поврзани новости