Дали знаете што ни чини пластичната кеса?

by Фокус

Иницијативата на ПроКредит Банка за помалку отпад од пластични кеси поддржана од граѓаните

Во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот одпад тешко се управува и најчество завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеси трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата, воздухот.

3

Зошто да употребуваме 10 кога некогаш доволно ни е само една?! Ова се дел од прашањата со кои ПроКредит банка ги поттикна граѓаните да размислат одговорно за секојдневната употреба на пластични кеси со директно присуство на терен-во супермаркетите, аптеките, продажните места, шеталиштата. За таа цел ПроКредит им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано органско производсво и минимален ефект на животната средина, која може да ја употребуваат како замена за пластичните.

4

Ваквото делување на ПроКредит Банка е еден дел од страндардите за заштита на животната средина кои банката ги спорведува.

‘’Ние сме активни членови на општеството и нашата улога ја гледаме подалеку од основната дејност на една финансиска институција-обезбедување на финансиски услуги. Свесни сме и засегнати за различните негативни ефекти кои сите ние како индивидуи и инстутиции со нашето делување и навики ги причинуваме на животната средина. Сакаме да дадеме практична идеја како секој еден може да даде активен придонес за намалување на користењето на пласти и со тоа да направи подобро место за живеење за себе, за сопствените деца, за своите сограѓани.’’

5

Остварувањето на ваквата мисија е невозможно без соработка со партнери кои ја делат истата одговорност,грижа и делување за животната средина. Со подарок платнена ЕКО торба, оваа порака се испраќа до граѓаните преку продажните мрежи на поддржувачите на акцијата на ПроКредит: Веро, Табернакул, Просветно Дело, Гранап маркет, Виола Фармација, ХУБО Маркет и др.

1

Покрај овие локации и дирекните промоции, бесплатен примерок од органска еко торбичка граѓаните може да добијат во сите експозитури на ПроКредит Банка.

Поврзани новости