Прекината седницата за дебата за законот за уптреба на јазиците, Милошоски бараше да се тргне европското знаменце

by Fokus

На собраниската Комисија за европски прашања на која денеска на дневен ред е Предлог законот за употреба на јазиците, мнозинството не го прифати барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече европското знаменце од овој Предлог.

Според нив тоа служи за покривање на немањето дебата и кршењето на Уставот со оглед на тоа што тоа не се усогласува со ниту една законска регулатива или регулатива од ЕУ.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој Предлог-закон нема допирна точка со усогласувањето со која било европска директива и регулатива и оти за тоа, како што рече, говори фактот што при неговото предложување не е наведен изворен акт на Европската унија со која тој би се усогласил. Побара доколку постои некаква таква регулатива таа да се наведе со полн назив и датум.

Поврзани новости