Дали странски држави ќе ги затворат границите за функционери на ВМРО?

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ја демантираше информацијата на телевизијата Алсат дека две странски амбасади испратиле закани оти претставници на тесното раководството на владејачката партија ќе добијат забрана за влез во нивните земји, ако не се испочитува договорот од Пржино.

„СДСМ, а најдобро нивниот лидер Зоран Заев знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не подлегнуваат и не прифаќаат никакви уцени, а особено не кога се во прашање интересите на граѓаните и РМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, телевизијата објави дека вмровците ги кочеле преговорите за изборното законодавство со чести барања на паузи за внатрепартиски консулации, од кои не се ни враќале на преговарачката маса.

Поврзани новости