Дали семејството Јусуфов ќе добие 1 милион евра отштета за убиениот син во 2001 ќе се знае на 19 декември

by fokus

На 19 декември ќе биде познато дали семејството на убиениот Рами Јусуфов, ќе добие 1 милион евра отштета, бидејќи тогаш Основниот суд Скопје 2 ќе ја соопшти пресудата.

Јусуфов беше убиен во селото Љуботен во 2001, а доколку судот одреди семејството да биде обештетено, средствата ќе се исплатат од буџетот на МВР, бидејќи судот веќе донел одлука со која го отфрлил барањето за проширување на тужбата против Јохан Тарчуловски.

Семејството се повикува на пресудата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, каде пишува дека Тарчуловски учествувал како припадник на безбедносните сили токму во тоа село во критичниот ден кога бил убиен Рами Јусуфов.

Поврзани новости