798
Немам многу размислувано за конкурсот за државен обвинител, затоа што имаме актуелен државен обвинител, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „360“. Сепак, доколку обвинителот Љубомир Јовески биде избран за судија на Уставниот суд, таа не ја исклучува можноста.
-Ако (Јовески) биде избран за судија, може и ќе размислам. Инаку, веројатно ќе одам во пензија. Имам и друга опција, доколку има оглас во Јавното обвинителство за обвинител, би се пријавила – информира Русковска.
Мандатот на Русковска во ОЈО за организиран криминал и корупција истекува во ноември оваа година.