За тоа што му се врти низ главата на рускиот претседател Владимир Путин, медиумите објавија најразлични верзии откако изби војната во Украина.
Во таа насока, дел од медиумите пишуваат дека лице кое се сретнало со Путин се сеќава на неговата опсесија да го гледа видеото од убиството на поранешниот либиски претседател Гадафи, кој беше соборен од власт во 2011 година.
Други, пак, шпекулираат, за можно лошо здравје или за влијание од лековите, додека трети посочуваат на психолошки фактори како што е чувството дека неговото време истекува да го исполни она што тој го гледа како своја судбина во заштитата на Русија.
Инаку, рускиот лидер видно се изолираше од другите за време на пандемијата на ковид, а многумина сметаат дека тоа можеше да има и психолошко влијание.
-Путин е во целосна паника поради таканаречената револуција во самата Москва. Затоа се обидува толку брутално да го изгасне пламенот на слободата во Украина и затоа е толку важно да не успее – рече британскиот премиер Борис Џонсон.