Дали примерите со Вранишковски и Бучковски ќе важат и за Кежаровски?

by lali

После празникот Водици Основниот суд во Скопје ќе биде исправен пред дилемата дали во случајот со новинарот Томислав Кежаровски ќе постапи исто како и во предметот за Вранишковски.

Адвокатскиот тим на Кежаровски најавува дека деновиве ќе поднесе барање за условен отпуст, исто како што затворот Идризово тоа го направи за Вранишковски. Затоа што Кежаровски практично ја има издржано 90 отсто од казната тој го исполнува еден од главните критериуми за условен отпуст или прекин на затворската казна.

vraniskovski

За споредба, Вранишковски имаше одлежано малку повеќе од половина од казната која му изнесуваше пет и  пол години. Ако компарираме Кежаровски има предност пред Вранишковски и во однос на висината на казната (Кежаровски е осуден на две години) и во однос на процентот издржана казна (Кежаровски има одлежано 90 отсто).

Паралелно со барањето за условен отпуст, Кежаровски ќе поднесе и барање за вонредно преиспитување на пресудата до Врховниот суд. Тоа му е неопходно, како за оценка на правосилната пресуда, така и за судот во Стразбур, за чие аплицирање се предвидува прво да се исцрпат домашните судски инстанци.

Но, поднесувањето на барањето до Врховен за преиспитување на пресудата не го одложува издржувањето на казната затоа што пресудата на Апелациониот суд е правосилна. Тоа му појде од рака исклучиво на екс -министерот за одбрана Владо Бучковки кој успеа да изнајде начин да му се одложи издржувањето на затворската казна за досието „Тенковски делови“ иако и таму пресудата е правосилна. Врховниот суд својата одлука Бучковски да не оди во затвор ја оправда со поднесеното барање за преиспитување на пресудата. Такво барање ќе поднесе и Кежаровски, но дали за него Врховен ќе вложи напор да му се прекине казната на Кежаровски се до одлучувањето по барањето за преиспитување на пресудата?

Bu;kovski

Примерите на Вранишковски и Бучковски, за кои судските органи тврдат дека се законски покриени, може да послужат како пракса и да се однесуваат и на новинарот Кежаровски. Но дали ќе биде така?

Поврзани новости