Сите од „Ликвидација“ ги исполнуваат условите за прекин на казните

by lali

Со пресудата на Апелациониот суд практично сите казни на обвинетите се намалени. Најмногу намалена е на поранешниот судија, инаку адвокат Валентин Зафиров. Првичната казна од пет и пол години му е намалени за цели три. Сега мора да издржи казна од само две  и пол години. Со оглед дека од самиот старт тој е во притвор, му останува за одлежување уште десетина месеци. И нему му се отвора правото да поднесе барање за условен отпуст. Го исполнува условот дека поголем дел од казната ја има издржано, а во прилог може да му оди и примерното поведение, доколку како таков го третираат затворските служби.

Иако Зафиров имаше највисока казна од сите обвинети (за две дела- издавање податоци за сведок и незаконито посредување) со првостепената пресуда, сега излегува дека е најстрого санкциониран екс- обвинителот Ивица Ефремов (брат на Марјан Ефремов, првоосуден во досието „Шпион). Тој има казна од три години, иако првичната му беше четири и  пол години. По изгледа неговата е највисока затоа што едно од трите дела му е поседување оружје за кое е најстрого санкциониран.

Разлика е направена и во казната на новинарот Томислав Кежаровски. Oд првичните четири и пол апелација му одреди две, или му намали за повеќе од половина. За судијата пак Иле Танев пресудена е казна од година и пол, иако првостепената беше за година повисока. Тој е одговорен за примање поткуп (дело за кое ќе има ново судење заедно со обвинетиот Џими Хофман) и за злоупотреба на положбата. Со оглед дека тој беше пуштен од притвор за да се брани од слобода му остануваат за издржување уште неколку месеци.

Заедничко за сите осудени е дека со намалувањето на казните од апелација сите ги исполнуваат условите за отпуст, односно прекинување на казната и нивно ослободување. Колкумина ќе го искористат тоа и како ќе се донесува судот кон нивните евентуални барања, ќе се знае наредната седмица.

Адвокатот Сашо Лазаров и поранешниот судија Борис Николовски кои првично беа осудени на минамални затворски казни сега се осудени на условни. Тоа значи дека тие не смеат да го повторат делото во наредните три години, инаку ќе одлежат една година.

Во истиот предмет со првостепена одлука казнет беше и Јане Павловски Тица на година и  пол. Како постапила Апелација официјално не е познати затоа што во соопштението на Основниот суд посветено на пресудата на апелација не се споменува неговото име.

Во досието „Ликвидација“ за издавање на идентитетот на сведокот одговараа Кежаровски и Зафиров. Другите пак, за поткуп, незаконско посредување и злоупотреба на службената положба во врска со притворите во познатиот предмет „Ореше“.

Поврзани новости