Дали Пешевски ќе ја тужи Македонија за нанесена душевна болка?!

by lali

На денешниот митинг во Штип од страна на ВМРО ДПМНЕ, вицепремиерот Владимир Пешевски имаше јавно обраќање во кое ја запеа и старата македонска песна „Едно име имаме во душава го носиме“. Иако додека пееше, тоа навидум побуди силни чувства кај него и присутните, неофицијални извори велат дека тој веднаш по настапот се пожалил за болки во душата. По брзиот лекарски преглед кај него биле увидени чувства на возмениреност како и знаци на исцрпеност и омалаксаност (види фото). Оваа состојба во која западнал вицепремиерот го отвара и главното прашање, дали Пешевски ќе ја тужи Македонија за нанесување на душевна болка?

„Да се носи Македонија во душата понекогаш освен што носи личен бенифит, може да создаде и панични напади, посебно кога станува збор за Вистината за Македонија,“ велат експертите за душевно здравје кои сакаа да останат анонимни.

11066620_731666073613009_7764659673446803636_n

Како едно од решенијата по ова прашање што ги нудат експертите по душевна болка може да биде познатиот претседателски модул „разумен компромис“. Како разумен компромис се предлага таквите како Пешевски повеќе да не ја носат Македонија во душата а со тоа здравствени придобивки би имале самите они, а и целиот народ што се уште живее во Македонија.

Најавите во јавноста велат дека на средбата во Брисел каде ќе присуствуваат преставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ова ќе биде едно од значајните прашање што ќе бидат ставени на дневниот ред за дискутирање и барање решение за излез од политичката и општествена криза во која се наоѓа Македонија.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни. 

П.С. Сатирата е последниот бастион на слободата на говорот!