Последниот збор за „Скопје 2014”

by Фокус

“Не го оставајте во рацете на умоболните вашето богатство кое ви го даде Алах како средство за живот за вас: хранете ги (вашите деца) и облечете ги од тоа и кажете им убави зборови.” (En Nisa, 5)

Пишува X. Сулејман Реџепи

Нешто пред да избувнеше аферата на прислушување, во Собранието на Македонија актуелни беа дебатите помеѓу албанските партиии околу „Скопје 2014“. Де, виновна била ДПА, де виновна била ДУИ! Сиот свет  знaе дека овој антиалбански и антимуслимански проект, антимакедонски и антихристијански не е на ниту една албанска партија, дури не е ниту проект на разните македонските партии! Тоа е целосно  проект на владетелите кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека, тоа не е дури ниту проект на самата партија. Ова е повеќе од точно како што е точен  и фактот што, кој и да прифаќаше да соодејствува искрено со овие толку ослепени  владетели по кариерата и сопствените придобивки,  ќе испаднеше како немотивиран кловн, или, поублажено кажано, ќе изгледаше како подвижна марионета.  За жал во такви положби биле и сé сите Албанци кои биле номинирани во значајни позиции во владата како и низ разните значајни институции. Формални  управители, без никаква извршна моќ во интерес на албанската популација и воопшто на муслиманската. Оваа констатација секојпат се повеќе се зацврстува. Ова го разложуваат  и „бомбите“ објавувањaтa нa  прислушувањата.   Оттука, силно ни се расјаснува пораката од Куранот која произлегува од ајетот што го наведовме во воведот на овој допис. Не го оставајте вашето богатство во рацете на умоболните …Значи би била фатална грешка со вашето богатство да раководи еден чакнат, еден глупав. Во продолжение на ајетот толку јасно се забележува божествената порака  богатсвото што ни е дадено од Семилосниот Аллах да ја потрошиме само за живот и никако за раскош и непотребни трошкови. Непотребното трошење на богатсвото  припаѓа на корпусот делувања строго забранети, арам.

ОВА НЕ Е ПРОЕКТ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ

Наводно, ДПА го има одобрено почетокот на „Скопје 2014“, додека ДУИ има нацртано и одобрено секоја година буџет за реализација и извршување на овој мегаломански проект.! Не е точно ни едното ни другото. Вистина е дека овој проект се случил во времето кога овие две партии „соодејствувале “ со ВМРО. Вака ќе сведочи историјата! Но, во овој контекст, историјата ќе сведочи и за пресудните моменти за албанскиот народ и за геостратешките интереси на меѓународниот фактор, кој, наоѓајќи искрена лојалност и верно пријателство кај Албанците, секогаш побарувал да бидат трпеливи, соработливи и проблемите да ги артикулираат во државните институции. Ова е причината зошто нашите партии, нашите министри биле повеќе „марионета“ отколку субјект што дејствувал независно за сеопшто добро.  Стопирањето на овој проект и некооперативноста на Албанците во нејзин развој можеше да се случи само во случај на бојкотирање на власта, кога би ја одбиле оваа политичка каста на која што етничката и верската провокација и е во крвтта.  Во таква ситуација тоа би значело  на меѓуетничките односи  активирање на протести, граѓанска непослушност и дури до повторување на конфликтот со пошироки размери и потрагичен крај од тој од 2001-ва.  Овој пат  западниот свет имаше поважна работа од тоа да се занимава со Македонија, затоа, албанските интереси се пожртвуваа токму поради перманентните барања Албанците да останат фактор на стабилноста на оваа држава.  Значи, ова се бараше од Албанците, а не од македонската провокаторна каста, која, благодарение на гебелската пропаганда  успева да продава сапун за сирење. Но, само внатре своите активисти кои „официјално“ никогаш не биле повеќе од 25% од вкупниот број на граѓаните на Македонија.  Над 75%  од населението во земјата не се ВМРО, поради што и нивните проекти не може да се квалифицираат како сенационални македонски или како плебисцитарни проекти на сите граѓани на Македонија!

Крајно, проектот  „Скопје 2014“ се издигна  над готовноста на Албанците  на Македонија  да ги пожртвуваат националните интереси за доброто  на политичките и геостратешките  интереси на разните фактори. Во случајов, „вината“ е колективна и не на оваа или на онаа партија.! Добро би било повеќе да не се манилуплира  во ова поле за шака политички поени. Исто така, добро би било да се покрене национална стратегија  наспроти овој нацистички проект  на една партиска каста (на ВМРО). Што се однесува до овој проект, никако не смееме да останеме индиферентни и да се задоволиме со меѓупартиските расправии помеѓу македонците (СДСМ-ВМРО). Овие расправии се простираат во два правца: кон негирање  на проектот како „национален проект“ и второ, кон негирање на проектот “како уметничка вредност”. Втората конфликтуална кампања  се однесува само на внатренационален македонски проблем (се искажуваат дилеми дали се работи за уметност, кич или шунт) Оваа расправија несомнено дека е премногу вештачка,  предизвикана од политичката каста која провоцира „апсолутна власт“ и, Албанците не смеат да очекуваат внатрепартиски расправии (помеѓу „славомакедонците“ и „античките македонци)“.

Или, во најмала мера, нека го конципираат овој конфликт како внатремакедонски проблем и нека не заборават дека, национален проблем останува проследувањето од колено на колено  на единствената вистина  што се однесува до проектот „Скопје 2014“  . Овој проект е антиалбански, инициран од една политичка каста, не за национални колку за лични придобивки ; мотивиран од христијанските верски чувства со намера да се христијанизира  целата површина на Македонија, за да се национализира оваа вера како и за да се испровоцира албанско незадоволство со цел израмнување сметки сеуште незатворени од 2001-ва! Грешат Албанците кога бараат на овој проект да се додадат уште два-три албански споменици, на два-тројца личности целосно локални и познати од само една група Албанци. Треба да се пренесе од колено на колено вистината дека, некогаш во едно време се повампири  една политичка каста  која сакаше да им даде до знаење на Албанците  дека албанска земја во Скопје  се само Гази Баба и неколку делови од Чаир, и дека тамошните Албанци не заслужуваат друг живот освен тоа на диви гетоизации.  Треба да се запамти како проект што ја изрази ватрената желба на оваа политичка каста да го украде  вакафот на ИВЗ, слично како што  украдоа фрагменти и делови од грчката историја, од србо-грчко-бугарската култура, од исламското културно наследство, албанската идр.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА СЛАВНО МИНАТО, НЕ МУ ТРЕБА „СК 2014“

Правиот  македонски народ ја има својата култура, го има својот јазик,  ја има својата историја, доста богата, но, не оваа што се нуди од една група политичари  целосно дилетанти што се однесува на овие полиња кои го сочинуваат правиот национален идентитет. Крајно, правиот македонскиот народ има една историја и едно минато за завидување што се однесува до соживотот речиси братски албанско-македонски.

“Скопје  2014” не треба да се запамти како „издајнички“ проект на албанските партии, но, во ова поле, треба да се запамти како проект кој се издигна во времето кога врз рамењата на албанските партии тежеше меѓународниот проект  за партнерство  во издигнување на мирот во овие немирни балкански краишта.  Овој товар ги задолжуваше да потклекнат и пред понижувачките сценарија извршени од нивните владини „партнери“.

“Скопје 2014” треба да се запамти како проект со кој не се согласуваа голем дел од македонската нација затоа што се откриваше расистичката цел на една многу ниска политичка каста: “ние имаме сила да ги гетоизираме Албанците”! Наспроти овој гетоизам се издигнува  „градот на соништата“ во кој не може да имаат пристап Албанците, затоа, тие треба да бегаат, да се распространат по светот за подобар и посреќен живот . Оттука, колку и да инсистираме „Скопе 2014” да се конзервира и да се сочува во својата целина како еден „монумент“ кој зборува за антиалбанска и антиисламска рацистичка дискриминација, сепак, ќе се случи нејзино крастосување  со тенденција да се огрди  убавината на соживот и сеопштата хармонија.

Присилното менување на аркитетонскиот идентитет на  градбите, на објектите, населбите, облекувајќи ги во барок под претексот  дека на овој начин го покриваме омразениот соцреализам „од сите“, во суштина,  отвора пат на проток на идеи дека овде во секое време, секој што ја превзема власта, природно  го ужива и правото за смена на етничкиот, културниот, аркитектонскиот идентитет и др.

Одржувањето во живот на овој „монумент на лудост“ е многу скапо, секоја година ќе бара посебни буџети, толку високи, што би биле доволни за  засолнување на  сите питачи кои за несреќа ги имаме во множина  и кои секојден се повеќе ни се множат. Еден ден нема да имаме ни време, ни интерес, ни можност ( а богами ни желба) да се погрижиме за одржување во живот на  овој “споменик” на ВМРО-ДПМНЕ и, како резултат на тоа „Скопје 2014” ќе подлегне на законот на корозија до фатално распаѓање. Лек нема да има.  Ова би требало да биде последниот збор за проектот “Скопје 2014”. Идните генерација треба да ја знаат оваа вистина, затоа што се друго е оптичка измама, лага, измислица,  непотребна работа. Семилосниот Аллах вели: Не го оставајте во рацете на умоболните вашето богатство кое ви го даде Алах како средство за живот за вас: хранете ги (вашите деца) и облечете ги од тоа и кажете им  убави зборови.” (En Nisa, 5)

Авторот е поглавар во ИВЗ

Поврзани новости