781
Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
-Од таа причина, одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме – рече Петличковски на Сител.