Руска телевизија прикажа колку брзо патува „нуклеарка“ кон Запад

by Фокус

На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и гостинот Алексеј Журављов, пратеник во руската Дума, зборуваа за тоа колку секунди на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ и се потребни за да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција.

Во разговорот меѓу водителката и гостинот стана збор и за тоа колку секунди руска „нуклеарка“ може да ги погоди градовите на државите кои Украина ја снабдуваат со оружје.

-Еден сарматинец и толку, британските острови не постојат. Сериозен сум, нема да постојат – рече Журавлев.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува во периодот што следи руската армија да ја опреми секоја со десет или повеќе нуклеарни боеви глави.

Русија неодамна успешно ја тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар „Сатана 2“ или Сатановиот син.

Пратеникот од руската Дума, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, како што рече, никој нема да преживее и да остане на планетата.

Поврзани новости