Поранешниот вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како и тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски завршија на суд за изградбата на двата автопатишта во источна и во западна Македонија, зделка којашто ја доби кинеската компанија „Синохидро“.
Овој договор беше потпишан откако најпрвин беше аминуван, еден месец порано, во Собранието, бидејќи никој од министрите во Владата не сакал да го потпише, па затоа морало сѐ да се протне низ собраниска процедура.
Слична ситуација се случува и сега за изградба на автопатиштата од Коридорот 8 и 10д, и тоа од Струга до Ќафасан, од Тетово преку Гостивар до Кичево, како и од Прилеп до Битола.
Со специјалниот закон што беше изгласан во Собрание на 15 јули оваа година, на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ без тендер ќе му се даде да ги гради овие автопатишта.
Откако законот беше изгласан во Собрание, Антикорупционерите го спореа пред Уставен, но судиите не видоа ниту опасност од корупција, ниту судир на интереси.
Во медиумите пак почнаа да се споеделуваат скандалозните иксуства на компанијата во Косово, Албанија, Романија…
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ