Дали Хали Бери тајно се омажи за Ван Хант?

by fokus

Американската актерка и поранешен модел Хали Бери се пошегува со своите следбеници на социјалните мрежи дека се омажила за своето момче Ван Хант на Нова година.

Холивудската ѕвезда сподели на Инстаграм дека е тукушто мажена по четврти пат! Претходно, убавата Хали беше во брак со: бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година, пејачот Ерик Бенет од 2001 до 2005 година и актерот Оливие Мартинез од 2013 до 2016 година.

Фотографијата на новиот пар ги прикажува двајцата како разменуваат романтичен бакнеж, а таа носи цветен венец на главата. А местото за потенцијалната венчавка не можеше да биде поидилично: прозорецот зад парот ја покажуваше тиркизната вода на тропската дестинација каде што ги поминаа божиќните празници. А фотографијата беше поддржана со објавата „официјално е“.

На фотографијата Хали и Ван се боси, а се бакнуваат пред нешто што изгледа како олтар.

Актерката и Хант се во врска само од 2020 година, но манекенката ја официјализираше нивната врска на Инстаграм во септември истата година.

Веќе следниот ден Хали Бери постираше нова фотографија на која јасно објаснува дека само се забавувале во празничен дух.

– Ви благодарам за убавите желби, навистина, ни ги допревте срцата! Сега е ОФИЦИЈАЛНО, интернетот повеќе не е непоразен – напиша таа.

Поврзани новости