Дачиќ: Живаљевиќ требаше да извести дали при упадот во македонското Собрание има српски државјани

by Fokus

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ во четврток изјави дека припадникот на БИА, Горан Живаљевиќ со влезот во македонското Собрание ноќта кога во него упаднаа демонстранти не ги прекршил дипломатските протоколи и само ја вршел својата работа.

„Не учествувал во кривично дело, само известуваше за ситуацијата во Македонија, бидејќи Србија мора да знае како таа ситуација може да се одрази врз националните и државните интереси – рече Дачиќ пред новинарите во Белград.

Тој додаде дека ноќта на 27 април, поточно крвавиот четврток немало српски граѓани во Собранието.

Поврзани новости