ВМРО-ДПМНЕ: СДС да собере храброст и да овозможи локални и парламентарни избори

by Fokus

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани на Македонија, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Зоран Заев за воведување на консензуална демократија, реагираа од ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за граѓаните и државата и ги штити нивните интереси, додека СДС е синоним за деструкција и интриги. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза – се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС треба да собере храброст и што е можно побргу да овозможи редовни локални избори и предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости