Дачиќ: Како ќе се однесува Македонија кон нас, така и ние ќе се однесуваме кон неа

by fokus

Официјален Белград ќе се однесува на ист начин како што Македонија ќе се однесува кон Србија, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ја реакцијата од неговиот македонски колега по неговите оценки за името, пишува „Вечерње новости“.

„Повеќепати им кажав на македонските претставници. Како вашата држава ќе се однесува кон Србија на меѓународната политичка сцена и организации, така и ние ќе се однесуваме кон вас“, изјави Дачиќ и посочи дека понатаму воопшто не би сакал да разговара на таа тема.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, претходно изрази жалење во однос на изјавата на Дачиќ во Атина, дека Србија згрешила што ја признала Македонија под уставно име.

„Вечерње новости“ потсетува дека Македонија беше една од вкупно 92 земји кои на Генералното собрание на УНЕСКО гласаа за прием на Косово во организацијата.

Поврзани новости