Изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединувањето на Албанија и на Косово е уште една потврда дека создавањето на „голема Албанија“ е заедничка платформа на сите Албанци, што претставува најголема закана за мирот и за стабилноста на Балканот и во Европа, оцени денеска потпретседателот на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
– Ја прашувам меѓународната заедница, што би било ако (Александар) Вучиќ речеше дека е можно обединување на Србија и на Република Српска ако не влеземе во ЕУ? Сигурен сум дека сите би се огласиле и би ја обвиниле Србија за загрозување на мирот. Затоа ги прашувам ЕУ, САД, Велика Британија и другите, до кога ќе молчат кога некој ја загрозува Србија? Или молчењето е знак на одобрување? – стои во писмената изјава на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.
Рама изјави дека ако преспективите за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжат да бледеат, тој не би ја исклучил можноста за обединување на Албанија и на Косово.
Извор: Мета