Истражување: 68 отсто од македонските граѓани немаат пари за годишен одмор

by fokus

Дури 68 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат најмалку еднаш годишно да одат на одмор или некое патување, а 68 отсто не можат да си дозволат да одат на кино или театар, покажуваат најновите резултати од анализата на Институтот за економски истражувања „Финансе тинк“, пишува  Фактор.

Анализата вели дека за 78 отсто од населението во земјава платите или пензиите се главен извор на приходи.

Останатите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од земјата.

Според ова истражување, само една третина од населението ги задоволува сите потреби и да може да сочува дел од своите приходи, 42,1 отсто не ги исполнуваат само потребите за храна и сметки, а 28,1 отсто и не успеваат во тоа.

Половина од населението не може да си дозволи да јаде во ресторан барем еднаш месечно, 91 отсто да одат на козметички третман и масажа, 78 отсто секој ден да си купат ново парче облека, чевли еднаш месечно, 76 отсто да вози автомобил.

Поврзани новости