540
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека не ликува поради состојбата со Каталонија, но сепак би сакал на земјите кои го признаа Косово да им се случи истото.
-Ми се чини, сфатија дека проблемот и ним ќе им се удри од глава исто така. Ние не ликуваме поради тоа, но сепак би сакал на земјите кои го признаа Косово да им се случи истото тоа, па ние да одлучуваме дали тоа е според меѓународното право, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Косово и Каталонија ги поврзува тоа што и во едната и во другата територија се случи едностраната сецесија без дијалог со земјата од која се отцепија.