Спасовски: Слободно можам да го погледам Села во очи

by fokus 22:29
22:29

Апсолутно ги отфрлам со индигнација сите наводи, на било кој политичар кој сака да ги инволвира полицајците во изборната кампања, не се вклучува ниту еден полицаец во кампањата на било која политичка партија во Македонија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на вечерашното интервју на Телма.

За обвинувањата од Зијадин Села дека праќал пораки на луѓе да не седат со Арбен Таравари, рече дека се дезинформација.

- Advertisements -

-Тоа е чиста дезинформација и јас навистина не знам од каде му се наводите дека јас би праќал пораки да не седат со него, тоа не е моја работа, рече Спасовски.

Тој додаде дека слободно може да го погледне во очи Зијадин Села, а дека сите овие обвинувања се обид на Села и Груевски да се оправдаат за изборниот пораз.

Поврзани новости