Брзото возење кола низ населени места е докажување на глупоста. Да возиш брзо ниту си мангуп, ниту си интересен, ниту си па нешто повеќе од другите. Опасен си. И ако настрадаш поради тоа докажување, другите кои и покрај тоа што си бил глупак, ќе те жалат. Твоите дома најмногу. Со тебе можеш да понесеш и жртви, да уништиш животи.
Не знам како попросто и поедноставно да ти се обратам, ти безобзирен и безобрзен возачу. Нешто ти кажува дека ако возиш брзо ќе те зборат низ град и полесно ќе си фатиш женска? Нема да фатиш женска, ќе фатиш пат во неповрат. Ќе земеш некој да душа. Ќе те нема затоа што си бил глупак. Ќе оставиш тага, црнила. А инаку треба да се укорат и женските што се уште се палат на брзо возење коли.. и другарите да јадат заушки затоа што те лажат дека си најфраер ако возиш брзо.
Затоа размисли пред да стинеш на гас, и памет во глава, ако го имаш, ако не, вози се со автобус, не биди закана за себе и останатите.
Не вози нервозен, ненаспан, пијан. Не се чатали или тестирај додека возиш. Оди пешки и брои шахти, трчај, викај ама таков не вози. Знам дека овие пароли за повеќето се излишни и повеќепати слушнати но не се штетни да ти проѕунат уште еднаш во глава. Мали пораки што ако не се почитуваат и применуваат прават големи штети.