Да се разреши директорката на училиштето „Рибникар“, предлага просветната инспекција на Србија

by Fokus

Просветниот инспекторат предложил разрешување на директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ Снежана Кнежевиќ, потврдија од Министерството за образование на Србија.

Републичката просветна инспекција го заврши вонреден инспекциски надзор во ОУ „Владислав Рибникар“ кој почна минатата недела. Предмет на надзор беше работата на директорот и вршењето на работите во установата. Врз основа на извршениот надзор, предлог на инспекцијата е да се разрешат директорката Снежана Кнежевиќ и органот на управување или да се именува привремен орган на управување и да се именува вршител на должност.

Како што додаваат, со записникот дополнително се наложува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка.

Овој надзор следеше откако во белградското училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај имаше масовно пукање кога ученик од седмо одделение уби осум ученици и чуварот на училиштето, а рани уште шест негови соученици и професорката по историја. Директорката на училиштето во јавноста се огласи шест дена по масовните убиства.

„Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега да им се обрати, но ние сме во ситуација во која никој досега не бил“, изјави тогаш Кнеѓевиќ.

Поврзани новости