Да се распише референдум за дигиталните учебници бараат од иницијативата „Учебници и настава мора да има“

by fokus 13:39
13:39

Граѓанската Иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска достави предлог за покренување иницијатива за распишување на референдум до претседателот на Собранието, со цел изјаснување на граѓаните околу нацрт Законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата.

Имено, за овој предлог биле собрале околу 600 потписи само на подрачје на град Скопје, меѓутоа од иницијативата на денешната прес-конференција одржана пред Собрание истакнаа дека имаат голема поддршка и од останатите градови.

- Advertisements -

-По неуспешните обиди да најдеме заедничко разбирање и заеднички јазик со Министерството за образование и наука како предлагач на законот, остануваме доследни на нашата мисија и цели за стопирање на Законот. Очекуваме во рок од три дена по поднесувањето на предлогот за референдум, а во спротивно ќе сметаме дека предлогот е уреден и во согласност со Уставот и Законите ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за поддршка на Иницијативата за распишување референдум, изјави Даниела Димовска, од „Учебници и настава мора да има“.

Додаде дека доколку не бидат прифатени од претседателот на Собранието, ќе продолжат со протестите се додека како што рече таа не се спречи предлог законот.

-Очекуваме работна средба на актуелната тема со претседателот на Собранието и неговите советници за образование. Доколку не бидеме соодветно примени на работната средба продолжуваме со мирни протести и мирни маршови низ сите градови во државата, рече Димовска.

Поврзани новости