Лажен полицаец изнудувал пари од граѓани на Охрид, Струга и Кичево

by Fokus 13:28
13:28

Полицијата од Охрид трага по лице кое лажно се претставува како полициски службеник и врши измама на граѓани од Охрид, Струга и Кичево.

Според СВР – Охрид, измамникот се јавувал по телефон кај граѓани и во својство на полицаец ги информирал за наводно случена сообраќајна незгода со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.

- Advertisements -

Користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив се обидувал да изнуди парични средства за натамошна постапка.

Од полицијата ги информираат граѓаните да не наседнуваат на такви информации и истите да ги пријават на 192 или во најблиската полициска станица.

Поврзани новости