Да прекине игнорантскиот однос кон нас, велат од Студентски отпор

by Fokus

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и исполнување на нивните барања, кои неколку месеци ги посочуваат.

„Студентски отпор“ во соопштение објавено на нивната фејсбук страна велат дека се незадоволни од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци.

„Ги потсетуваме одговорните и надлежните дека ние немаме намера да се откажеме се до целосно исполнување на нашите барања“,  посочуваат од Студентски отпор.

 

Поврзани новости