555
Ангела Меркел предупреди дека Германија би требала да биде претпазлива и паметна во справувањето со кризата со корона вирусот, бидејќи ова е само почеток.
„Уште долго ќе живееме со него“, кажа Меркел во германскиот парламент.
Таа ги предупреди регионалните лидери во земјата да не брзаат со олеснувањето на рестриктивните мерки, за да не се загрози сѐ она што досега е постигнато.
„Спроведувањето на излезната стратегија многу ме загрижува. Никој не сака да го слушне тоа, но ние не сме во крајната фаза на пандемијата, туку на нејзин почеток. Да не го отфрламе она што досега сме го постигнале“, кажа германската канцеларка.