Левица испрати отворено писмо до институциите на ЕУ со кое бара да престане трендот на отворање клубови кои носат имиња на фашистички дејци, со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот во нивните современи облици.
„Имајќи ги во предвид резолуциите на ОН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и појава на фашизам и нацизам, како и Резолуцијата за подемот на неофашистичкото насилство во Европа донесена од страна на Европскиот парламент во 2018 година од една страна, како и молкот и изјавите на претставници на институциите на Унијата кои во изминатиов период активно учествуваат, го набљудуваат и оценуваат односот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Левица образложувајќи ги дејствијата во Македонија од бугарска страна, бара највисоките и релевантни институции на ЕУ да го обелоденат нивниот став по ваквите случувања и јавно да ги осудат дејствата на Бугарија за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници со антисемитска, фашистичка и антимакедонска идеологија во трета земја преку злоупотреба на нејзините права на вето како земја-членка на ЕУ“- стои во писмото.